Производство на метални производи и челични конструкции

Изработени од професионалци и висококвалификувани експерти

Контактирајте не

За нас

Униметал е компанија со високостручен тим, оспособен за изведување на широка палета активности во металскиот комплекс, од производство на машини и делови за машини, до давање најразлични услуги во металскиот комплакс.

Униметал е компанија со голема и богата традиција.

Почетоците и се во далечната 1989 година, кога е основана во Швајцарија како Unimetal Stahl-bau. Фактот што првите искуства ги има стекнато на швајцарскиот пазар сам по себе зборува дека станува збор за компанија која е максимално технолошки опемена и работи според највисоките европски стандарди.

Во 1994 година Униметал го отвора првиот погон во Тетово

и може да се каже дека денес претставува еден од лидерите во металопреработувачката индустрија во Македонија. Компанијата во моментов располага со производствен погон од 18.600 метри квадратни и има триесетина постојани вработени

Последниве години сме особено специјализирани за производство и монтажа на челични конструкции. Во овој сегмент на градежништвото и металопреработувачката индустрија, за Униметал буквално не постојат никакви ограничувања.

Зошто да не изберете нас?

Широк спектар на челични конструкции

Оспособени сме да изведеме објекти со најразлични габарити, како и широк спектар на цврстина, заштита и намена на челичните конструкции. Објектите со челични конструкции ги градиме по принципот клуч на рака и можеме да се пофалиме дека Униметал веќе учествувал во реализацијата на голем број значајни вакви објекти во Македонија.

Квалитет и професионалност

Втор сегмент во кој во моментов сме посебно активни, давајќи им на нашите клиенти максимален квалитет и професионалност, е производството на комплетна опрема за сепарации и бетонски бази или делови од нив. За оваа опрема располагаме со целосна техничка документација и можеме да ја приспособиме на потребите и барањата на клиентите.

232

Задоволни клиенти

521

Завршени проекти

30

Годишно искуство

Услуги

...
Челични конструкции

изведба на монтажни конструкции (со завртки) и заварени конструкции.изведба на лесни, средни и тешки челични конструкции (според количината на употребен материјал)изведба на хали, административни објекти, станбени објекти, бензински станици, магацини, производни погони, крански стази, меѓукатни конструкции, настрешници, челични поткровја, надградби, билборди, лифтови, челични скали, челични огради

...
Бетонски бази

поседуваме сопствени бетонски бази за производство на сите класи на готов бетон. За процесот на поризводството Униметал користи најсовремена мобилна опрема и механизација.

...
Опрема за сепарации на песок

Поседуваме модерна опрема за сепарација за песок и чакал која е неопходен за модерна постројка за мешање на бетон, прилагодена на околината. Сепараторот за песок и чакал главно се користи за чистење на остаток или отпад од влажен бетон во камионот за мешалка за бетон и миксер.

...
Заварување

заварувањето е процес на спојување на две или повеќе парчиња метал со ист или релативно сличен хемиски состав. На овој начин се добива нераскинлива врска помеѓу двата дела. Рачното лачно заварување е најчестиот и наједноставниот процес што се користи за заварување на железо, челик, алуминиум и прохром. Вршиме секаков вид на заварување.

...
Продажба на гасови

продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачката на гас и трговија со опрема и уреди за гас.

...
Продажба на жица за заварување

Nostrum eum sed et autem dolorum perspiciatis. Magni porro quisquam laudantium voluptatem. In molestiae earum ab sit esse voluptatem. Eos ipsam cumque ipsum officiis qui nihil aut incidunt aut

...
Продажба на сите материјали

Nostrum eum sed et autem dolorum perspiciatis. Magni porro quisquam laudantium voluptatem. In molestiae earum ab sit esse voluptatem. Eos ipsam cumque ipsum officiis qui nihil aut incidunt aut

Проекти

Побарајте услуга

Контактирајте не за вашата потреба - проект, производ и друг вид барање. Нашиот тим ќе подготви понуда со најдобра цена, квалитет и рок за изработка според договор.

+389 78 410 136

Контакт

Локација

Горно Седларце 101 бб Тетово, Северна Македонија

Телефон

+389 78 410 136
+389 78 410 135

Loading
Your message has been sent. Thank you!